Псалми 135:1-12
Псалми 135:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Алилуја! Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови, вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило; зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед. Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови: Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни; доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни, Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови, порази многу народи и истреби силни цареви: Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански; и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ Израел.
Псалми 135:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги, Кои престојувате во Господовиот дом, во дворовите на Домот на нашиот Бог! Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило. Зашто Господ го избра Јакова за Себеси, Израел за драга сопственост. Знам дека Господ е Велик, дека е Господар над сите богови. Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните. Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви: аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства. И му ја даде нивната земја во наследство, во наследство на Израел, на Својот народ.