Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка! Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии. Род со издигнати очи, кој ги крева високо своите клепки! Род чии заби се мечеви, а челустите ножеви, за да ги изеде несреќните на земјата и бедните меѓу луѓето! Пијавицата има две ќерки: „Дај! Дај!“ Суштествуваат три ненаситни работи; и четири што не велат: „Доста!“ Смртта, неплодната утроба, земјата што никогаш не се сити со вода, и огнот што никогаш не вели: „Доста!“ Окото што му се потсмева на таткото и одречува послушност на мајката, ќе го исколваат поточните гаврани и ќе го изедат млади орли. Три нешта ми се чудни, а четвртото не го разбирам: орловиот пат по небото, змииниот пат по стената, патот на бродот среде морето, и патот на мажот кон девојката. Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив.„ Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи: од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб; од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 30
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 30:11-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа