Крвопијците го мразат чесниот, а праведниците се грижат за неговиот живот. Безумникот го излева сиот свој гнев, а мудриот го воздржува. Ако владетелот послуша лажлив збор, сите негови слуги стануваат нечесни. Сиромавиот и дерикожецот се среќаваат, Господ ги просветлува очите на двајцата. Цар кој им суди на бедните според правдата, има цврст престол довека. Прачката и изобличувањето даруваат мудрост, а разузданото дете ја срами својата мајка. Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст. Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе ѝ даде радост на твојата душа. Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 29
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 29:10-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа