Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 29:10-18

Изреки 29:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Крвожедните луѓе го мразат непо­рочниот, а праведните се грижат за не­говиот живот. Глупавиот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува. Ако управителот слуша лажни збо­рови, тогаш и сите негови службеници стануваат нечесни. Сиромавиот и лихварот се сре­ќаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите. Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ќе се зајакне засекогаш. Стапот и прекорот даваат му­дрост; но момче, оставено без грижа, ја посрамува својата мајка. Кога се умножуваат безбожните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање. Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја. Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, бла­жен е.