Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 29:1-9

ПОСЛОВИЦИ 29:1-9 MKB

Човекот кој по опомената останува тврдоглав, во миг ќе се скрши и нема да му има лек. Народот се радува кога се умножуваат праведниците, а народот воздивнува, кога ќе завладеат нечесните. Човек кој ја љуби мудроста, го радува татка си, а кој се дружи со блудниците, го растурува имотот. Царот ја одржува државата со правда, а ја разурнува кој бара подароци. Човек кој му ласка на својот ближен, им простира мрежи на неговите стапки. Во гревот е стапицата за лошиот човек, а праведникот ликува и се весели. Праведникот го разбира правото на бедните, а нечесниот не вникнува за да сфати. Потсмевачите го запалуваат градот, а мудрите го стивнуваат гневот. Кога мудриот спори со безумникот, или да се гневи, или да се смее, сеедно, нема мир.