Камшик за коњот, узда за ослето, а прачка за плеќите на безумникот. Не одговорувај му на безумниот, според неговата глупост, за да не станеш и самиот еднаков со него; одговори му на безумниот според неговата глупост, за да не се направи сам себеси мудар. Си ги пресечува нозете и пие горчило, кој испраќа порака по безумен. Како што се трепетливите нозе на хромиот, таква е мудрата изрека во устата на безумниот. Како оној што врзува скапоцен камен за прачка, таков е оној кој му искажува чест на безумникот. Како што е трнливата гранка во рацете на пијаницата, таква е мудрата поука во устата на безумниот. Стрелец кој ги ранува сите минувачи: таков е оној кој го главува безумниот. Безумникот се враќа на својата глупост, како што кучето се враќа на својата блувотина. Виде ли човек кој сам себе се прави мудар, знај, и од безумниот има повеќе надеж, отколку од него!
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 26:3-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа