Богатиот владее над бедните, а должникот е слуга на позајмувачот. Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот. Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.“ Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму. Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него. Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 22:7-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа