Изреки 22:7-16
Изреки 22:7-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот. Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне. Милосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој. Истерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и навредите. Оној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател. Очите на Господ го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува. Мрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“ Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него. Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
Изреки 22:7-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Богатиот владее над бедните, а должникот е слуга на позајмувачот. Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот. Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.“ Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму. Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него. Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.