Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 14:5-14

ПОСЛОВИЦИ 14:5-14 MKB

Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.