Лажната мерка гнасна е на Господа, а полната мерка му е угодна. Со гордоста доаѓа срамот, а мудроста е во смирените. Праведните ги води нивната невиност, а безбожниците ќе ги погуби нивното лукавство. Богатството не помага во денот на Божјиот гнев, а правдата избавува од смрт. На непорочниот правдата му го исправува неговиот пат, а нечесниот пропаѓа од својата нечесност. Справедливите ги избавува нивната правда, а беззакониците се фаќаат во својата злоба. Кога лошиот човек умре, надежта му пропаѓа, и надежта и очекувањето на грешникот се рушат. Праведникот се спасува од беда, а нечесниот доаѓа на неговото место.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 11:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа