Се зарадував многу во Господа, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Вие и инаку се грижевте, но немавте прилика. Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум. Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сѐ и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност. Сѐ можам преку Христа, Кој ми дава сила. Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие. Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба. Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка. Примив сѐ и имам сѐ во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога. А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса. А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин! Поздравете го секој верник во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата, кои се со мене. Ве поздравуваат сите свети, а особено оние од Ќесаревиот дом. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух Амин!
Прочитај ФИЛИПЈАНИТЕ 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: ФИЛИПЈАНИТЕ 4:10-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа