А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови, за да се исполни она што го рече пророкот Исаија: “Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите; народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.“
Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!“
А кога одеше покрај Галилеј-ското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа ри-бари, па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!“ А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа. И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика. И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа.
И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Еванге-лието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот.