Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 4:12-23

Матеј 4:12-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога Исус разбра дека го уапсиле Јован Крстител, се повлече од Јудеја во Галилеја. Тој се исели од Назарет и се насели во Кафарнаум, покрај Галилејското Езеро, на територијата на потомците на Зевулун и Нафтали. Тогаш се исполни претскажаното од пророкот Исаија, кој рече: „Во земјата на Зевулун и Нафтали, крај морето, отаде реката Јордан, во Галилеја, каде што живеат луѓе кои не Го познаваат Бога, народот кој живее во мрак ќе види големо Светило; светлина ќе ги осветли луѓето што живеат во земјата каде што смртта надвиснува со својата сенка.“ Оттогаш Исус започна да проповеда, зборувајќи: „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“ Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус виде двајца браќа: Симон подоцна наречен Петар, и неговиот брат Андреј. Тие поставуваа мрежа во езерото, бидејќи по занает беа рибари. Исус ги повика: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!“ Тие веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него. Одејќи понатаму, Исус виде и повика уште двајца браќа: Јаков и Јован, синови на Завдај, кои, заедно со својот татко Завдај се наоѓаа во своето бротче и си ги подготвуваа рибарските мрежи. Тие веднаш ги оставија бротчето и татка си и тргнаа по Исус. Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето.

Матеј 4:12-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога Исус чу дека Јован е пре­да­ден, отиде во Галилеја. И кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум, на морскиот брег, во пределите Завулонови и Не­ф­талимови, за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели: „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја. Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот на смртна сенка, им изгреа светлина.“ Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ И ете, тие веднаш ги оставија мре­жите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нив­ни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. И одеше Исус по цела Галилеја поучувајќи по синагогите, проповедајќи го Евангелието на Царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот.

Матеј 4:12-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови, за да се исполни она што го рече пророкот Исаија: “Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите; народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.“ Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!“ А кога одеше покрај Галилеј-ското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа ри-бари, па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!“ А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа. И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика. И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа. И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Еванге-лието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот.