МАТЕЈ 28:5-8
МАТЕЈ 28:5-8 MKB
Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус. Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше, и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!“ И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.

