Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 28:5-8 - Compare All Versions

Матеј 28:5-8 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Ангелот им се обрати на жените: „Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“ Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова.

Сподели
Матеј 28 MNT

Матеј 28:5-8 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на уче­ниците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Га­ли­леја; таму ќе Го видите. Ете, ви ка­жав.“ И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.

Сподели
Матеј 28 MK2006

Матеј 28:5-8 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус. Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше, и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!“ И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.

Сподели
Матеј 28 MKB