А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат. И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат. Тогаш Јуда, кој Го пре-даде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините; велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.“ А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!“ Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси. А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.“ Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци. Затоа таа нива до денес се вика Крвна Нива. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија; кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израелевите синови, и ги дадоа за Грнчаревата Нива, како што ми нареди Господ.“
Прочитај МАТЕЈ 27
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 27:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа