Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27:1-10

Матеј 27:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

На разденување, се состанаа сите свештенички поглавари и народни старешини и решија да побараат од римските власти Исус да биде погубен. Го врзаа и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат. Кога предавникот Јуда разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совеста, па им ги врати триесетте сребреници на свештеничките поглавари и на старешините, изјавувајќи: „Згрешив, бидејќи предадов невин човек!“ Но тие му одговорија: „Што имаме ние со тоа? Тоа си е твоја работа!“ Тогаш Јуда ги фрли сребрениците во храмот, си замина оттаму и се обеси. Свештеничките поглавари ги собраа парите и рекоа: „Овие пари беа дадени за да се погуби човек; затоа не смеат да се стават во црковната каса!“ Одржаа состанок на кој решија да се купи ,грнчаревата нива‘ и да се користи како гробишта за туѓинци. Поради ова, таа нива до денес се вика ,Крвна нива‘. На тој начин се исполнија зборовите на пророкот Еремија: „Ги зедоа триесетте сребреници, цена што за Непроценливиот ја определија Израелците. Ги платија за нивата на грнчарот, како што Господ ми објави.“

Матеј 27:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини напра­ви­ја договор против Исус за да Го убијат; и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат. Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините, велејќи им: „Згрешив, зашто пре­да­дов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси. Првосвештениците ги собраа сре­бре­ниците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се пла­те­ни за крв.“ Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места. Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа три­е­сет­те сребреници, цената на Непроцен­ли­виот, Кого Го оценија синовите Израе­л­ови, и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“

Матеј 27:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат. И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат. Тогаш Јуда, кој Го пре-даде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините; велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.“ А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!“ Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси. А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.“ Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци. Затоа таа нива до денес се вика Крвна Нива. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија; кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израелевите синови, и ги дадоа за Грнчаревата Нива, како што ми нареди Господ.“