Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 23:13-24

МАТЕЈ 23:13-24 MKB

“Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.“ “Горко вам, книж-ници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!“ “Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!“ “Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото? И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’ Слепци! Што е поголемо: дарот или жртве-никот, што го осветува дарот? И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него. И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него. И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.“ “Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава! Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.“