Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:13-24

Матеј 23:13-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие пред носот на луѓето им ги затворате вратите на небесното царство: ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние кои се обидуваат! (Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие ги искористувате вдовиците и ги ограбувате нивните домови, а потоа редите долги молитви! Затоа вие ќе бидете посурово казнети!) Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Океани и земји обиколувате за да придобиете еден следбеник, а кога ќе го придобиете го претворате во син на пеколот, двапати полош од вас! Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘ Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!? И ова го велите: ,Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘ Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!? Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во си што е на него! Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него! Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него! Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие давате десеток од зачините, како што се нането, копрата и кимот, а ги запоставувате најважните барања на Божјиот Закон: праведноста, милоста и верата! Да, десеток треба да давате, но не смеете да ги запоставувате најважните работи. Слепи водачи ниедни! Комарец цедите, а камила голтате!

Матеј 23:13-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате цар­ството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат. (Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате до­мо­вите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.) Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го пра­ви­те син на пеколот, двапати полош од вас. Тешко вам, водачи слепи, кои ве­ли­те: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото? Исто така велите: ‚Ако некој се за­колне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копра и ким, а сте го оставиле нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го оставате. Водачи слепи, вие комарецот го це­дите, а камилата ја проголтувате!

Матеј 23:13-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.“ “Горко вам, книж-ници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!“ “Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!“ “Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото? И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’ Слепци! Што е поголемо: дарот или жртве-никот, што го осветува дарот? И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него. И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него. И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.“ “Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава! Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.“