Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 21:1-27

МАТЕЈ 21:1-27 MKB

И кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Вит-фагија при Маслиновата Гора, тогаш Исус испрати два ученика, велејќи: “Отидете во селото што е пред вас! Таму ќе најдете веднаш врзана ослица и осле со неа. Од-врзете ги и доведете Ми ги! И ако некој ви рече нешто, речете му: ‘Потребни Му се на Господа’, и веднаш ќе ги пушти. А тоа стана, за да се исполни кажаното преку пророкот кој вели: “Кажете ѝ на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!“ Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благо-словен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!“ И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, говорејќи: „Кој е Овој?“ А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.“ И Исус влезе во Храмот и ги истера сите, кои купуваа и продаваа во Храмот, па им ги преврте столовите на менувачите на сребреници, и столиците на продавачите на гулаби, и им рече: „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“ И Му пристапија слепи и хроми, во Храмот, и ги излекува. А кога првосвештениците и книжниците ги видоа чудесата што ги направи, и децата, кои викаа во Храмот: „Осана на Давидовиот Син!“, се налутија и Му рекоа: „Слушаш ли што зборуваат овие?“ А Исус им рече: „Да, зар не сте читале никогаш: ‘Од устата на децата и доилчињата, Си приготви пофалба?’“ И ги остави и излезе од градот во Витанија и преноќева таму. А кога утредента се враќаше во градот, огладне. И виде смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и ѝ рече: „Отсега да нема плод од тебе довека!“ И смоквата се исуши веднаш. И кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: „Како се исуши смоквата вед-наш?“ Исус одговори и рече: „Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе направите не само тоа, што ѝ се случи на смоквата, туку ако ѝ речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе биде; и сѐ што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.“ И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?“ А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Од каде беше Јова-новото крштавање? Од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа во себе, велејќи:“ Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’ А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.“ И Му одго-ворија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.“