Во оној ден Исус излезе од куќата и седна покрај морето. И големи мноштва се собраа до Него, така што Тој влезе во кораб и седна, а сето мноштво стоеше на брегот. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, сејач излезе да сее, и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа. Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја. А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија. Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши. Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет. Кој има уши да слуша, нека слуша!“
Прочитај МАТЕЈ 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 13:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа