Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 12:22-28

МАТЕЈ 12:22-28 MKB

Тогаш доведоа при Него еден опседнат од демон, кој беше слеп и нем; и го исцели, така што слепонемиот проговори и прогледа. И сите мноштва се восхитуваа и зборуваа: „Не е ли Овој Синот Давидов?“ А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.“ Исус знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Секое царство, разделено против себеси, запустува, и секој град или дом, кој се разделил против себеси, нема да опстане. И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил против себеси, и како ќе опстане неговото царство? И ако Јас ги изгонувам демоните преку Велзевула, преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии; но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји, тогаш царството Божјо дошло врз вас.