Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:36-42

Лука 6:36-42 MKB

Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено! Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.” А им кажа и парабола: „Може ли слепец да води слепец? Зар не ќе паднат обајцата во јама? Нема ученик над својот учител, секој кој ќе се усоврши ќе биде како Неговиот учител. А зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а не ја забележуваш гредата во своето око? Како можеш да му речеш на брата си: ‘Брате, остави ме да ја извадам раската од твоето око!’ А сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност