Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:36-42

Лука 6:36-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот небесен Татко.“ „Не судете и нема да ви биде судено! Не осудувајте, и нема да бидете осудувани! Простувајте и ќе ви биде простено! Давајте и ќе ви биде давано со преполна мера, набиена, протресена, истурена во вашите скутови! Зашто со каква мера им мерите на другите, со таква и вам ќе ви биде мерено.“ Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Може ли слеп човек да води друг слепец? Нема ли обајцата да паднат в јама? Ниеден ученик не е над својот учител. Но, кога ученикот ќе се усоврши, тогаш ќе биде како неговиот учител. Зошто ја гледаш раската во окото на својот ближен, а не ја гледаш гредата во сопственото око!? Како можеш да му кажеш на својот ближен: ,Брате, дозволи ми да ти ја извадам раската од окото!‘, кога ти не ја гледаш гредата во сопственото око!? Тоа е лицемерие! Извади си ја најнапред гредата од сопственото око, па ќе можеш добро да гледаш за да ја отстраниш раската од окото на својот ближен!“

Лука 6:36-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ „Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено; давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви да­дат в пазуви; зашто со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.“ И им кажа парабола: „Може ли слеп слеп да води? Зарем нема и обајцата да паднат во јама? Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја из­вадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Ли­цемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“

Лука 6:36-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено! Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.” А им кажа и парабола: „Може ли слепец да води слепец? Зар не ќе паднат обајцата во јама? Нема ученик над својот учител, секој кој ќе се усоврши ќе биде како Неговиот учител. А зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а не ја забележуваш гредата во своето око? Како можеш да му речеш на брата си: ‘Брате, остави ме да ја извадам раската од твоето око!’ А сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност