Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 11:37-54

ЛУКА 11:37-54 MKB

И додека Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај него; Тој влезе и седна. А штом фарисејот го виде тоа, се зачуди зашто Тој не се изми пред јадење. А Господ му рече: „Да, вие фарисеите ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а вашата внатрешност е полна со грабеж и лукавство. Неразумници! Зар Оној Кој ја создаде надворешноста, не ја создаде и внатрешноста? Туку, дајте го како милостина тоа што е внатре, и ете, сѐ ќе ви биде чисто. Но, горко ви вам, фарисеи, кои давате десеток од нане и од горчлива трева, и од секаков зеленчук, а ги занемарувате праведноста и Божјата љубов! Ова требаше да го правите, а она, да не го оставате. Горко ви вам, фарисеи, зашто ги сакате првите седишта во синагогите и поздравите по пазарите. Горко ви вам, зашто сте како гробови, што не се забележуваат, така што луѓето кои одат преку нив, не знаат.“ Тогаш еден законоучител Му одговори и рече: „Учителе, кога го зборуваш тоа, и нас нѐ навредуваш.“ Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата. Горко ви вам, зашто им градите надгробни споменици на пророците, а вашите татковци ги убија! И така вие сведочите за делата на своите татковци и се согласувате со нив; зашто тие и ги убија, а вие им градите гробници. Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апо-столи и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат, за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот: од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение. Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знае-њето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.“ А кога излезе оттаму, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го испитуваат за многу нешта, дебнејќи Го за да уловат нешто од Неговата уста.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност