ИСУС НАВИН 12
12
Ј. Пребројување на покорените цареви
1. Цареви на Источен Ханаан
1Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток: 2Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците; 3и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сѐ до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга. 4Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин. 5А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сѐ до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сѐ до границата на Сион, есевонскиот цар. 6Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.
2. Цареви на Западен Ханаан
7А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови, 8во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска 9ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден: 10ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден; 11јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден; 12еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден; 13давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден, 14орамскиот цар, еден; арадскиот цар, еден; 15царот на Ливна, еден; одоламскиот цар, еден; 16макидскиот цар, еден; ветилскиот цар, еден; 17царот на Тапујците, еден; еферскиот цар, еден; 18афечкиот цар, еден; саронскиот цар, еден; 19мадонскиот цар, еден; асорскиот цар, еден; 20симрон-меронскиот цар, еден; ахсавскиот цар, еден; 21танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден; 22кедескиот цар, еден; јокнаемскиот цар, кај Кармел, еден; 23дорскиот цар во Дорската Покраина, еден; гоимскиот цар во Галгал, еден; 24тераскиот цар, еден. Вкупно триесет и еден цар.
Селектирано:
ИСУС НАВИН 12: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.