Ама кој ќе Го научи Бога на мудрост, Него, Кој ги суди највисоките суштества? Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир, со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок. А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат. О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене. Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?“ Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате: „дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.“ Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил? А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница. Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број. О како се празни вашите утехи, каква измама се вашите одговори!“
Прочитај ЈОВ 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВ 21:22-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа