Јов 21:22-34
Јов 21:22-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Бога ли ќе Го учиме на мудрост, кога Тој им суди и на самите ангели? Некој умира во најголемата сила своја, сосема спокоен и мирен; боковите негови се полни со маст, и сржта од коските негови сѐ уште е свежа. Друг, пак, умира со огорчена душа, без да вкуси добро. И еден до друг в земја лежат и црви нив ќе ги јадат. Ги знам вашите мисли и намери, какви зла против мене кроите. Вие велите: ‚каде е домот на кнезот, каде е шаторот на безбожниците?‘ Зар не сте ги распрашувале патниците и нели сте запознаени со нивните забележувања, дека во денот на смртта безбожникот бива поштеден; во денот на гневот се одведува настрана? Кој ќе му го прекори пред лицето негово неговиот пат, и кој ќе му врати за она што го вршел тој? Го спроведуваат до гробиштата и во гробот свој останува тој. Лесни се за него земјените грутки; по него одат многу луѓе, а оние пред него број немаат. Како тогаш сакате да ме утешите со суета? Во одговорите ваши има само лага.“
Јов 21:22-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ама кој ќе Го научи Бога на мудрост, Него, Кој ги суди највисоките суштества? Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир, со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок. А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат. О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене. Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?“ Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате: „дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.“ Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил? А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница. Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број. О како се празни вашите утехи, каква измама се вашите одговори!“