Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16

16
1„Ова ви го кажав, за да не се соблазните.
2Ќе ве истеруваат од синагогите; а ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му служи на Бога.
3А тоа ќе го прават затоа што не Го запознаа Мојот Татко, ниту Мене.
4А Јас ви го кажав ова, за да се сетите, кога ќе дојде времето, дека ви го реков тоа. Ова не ви го реков од почеток, зашто бев со вас.”
5”А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’
6Туку, вашето срце се наполни со тага, зашто ви го кажав тоа.
7Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам.
8А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд.
9За грев - зашто не веруваат во Мене;
10за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите;
11за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет.
12Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите.
13А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат.
14Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави.
15Сè што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви јави.”
16Уште малку и веќе не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите.
17А некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што е тоа, што ни вели: ‘Уште малку, и не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите?’ и ‘Си одам при Мојот Татко?’
18И си зборуваа: „Што е тоа ‘малку’ за кое зборува? Не знаеме што зборува!”
19Исус разбра дека сакаат да го прашаат и им рече: „Затоа ли се прашувате меѓу себе за она што ви реков: ‘Уште малку и не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите?’
20Вистина, вистина ви велам: вие ќе плачете и ќе ридате, а светот ќе се радува; и вие ќе бидете жалосни но вашата жалост ќе стане радост.
21Жената е жалосна, кога раѓа, зашто дошол нејзиниот час; но штом ќе го роди детето, не си спомнува веќе за маката - од радоста дека се родил човек на светот.
22Така и вие сега сте нажалени; но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе.
23Во оној ден нема да Ме прашате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да молите од Мојот Татко, во Мое име, ќе ви даде.
24Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна.”
25Ова ви го зборував во слики; доаѓа час кога нема да ви зборувам веќе во слики, туку ќе ви зборувам отворено за Таткото.
26Во тој ден ќе барате во Мое име; и не ви велам дека Јас ќе Го молам Мојот Татко за вас;
27зашто Самиот Татко ве љуби, зашто вие Ме љубевте Мене и верувавте дека Јас Сум излегол од Бога.
28Излегов од Таткото и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Таткото.”
29Неговите ученици рекоа: „Еве, сега зборуваш отворено, и не зборуваш во слики.
30Сега знаеме дека знаеш сè и нема потреба некој да Те прашува; затоа веруваме дека си излегол од Бога.”
31Исус им одговори: „Сега ли верувате?
32Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.
33Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри - Јас го победив светот.”

Селектирано:

Јован 16: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност