Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15

15
1Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.
2Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод.
3Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував.
4Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.
5Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
6Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
7Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.
8Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.
9Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!
10Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.
11Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.
12Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.
13Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.
15Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.
16Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.
17Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”
18”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!
19Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.
20Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.
21Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил.
22Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.
23Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.
24Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.
25Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’
26”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;
27а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.”

Селектирано:

Јован 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност