Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај. За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде - Исус, знаејки дека Тат-кото Му предаде сѐ во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се пре-паша. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одго-вори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.“ Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.“ Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.“ Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.“ Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!“
Прочитај ЈОВАН 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 13:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа