ЕРЕМИЈА 16
16
3. Знак на безбрачност на Еремија
а. Повелба за неженење под закана за гибел на деца
1И ми дојде Господовото слово и рече: 2„Не земај жена за себе; и немај ни синови ни ќерки на ова место.“ 3Зашто Господ зборува вака за ќерките и синовите што ќе се родат на ова место, и за мајките што ќе ги раѓаат, и за татковците кои ќе ги имаат во оваа земја: 4„Тие ќе умираат со непреболна смрт, никој не ќе ги оплачува, ниту ќе ги погребе. Ќе се претворат во гној за ораниците, ќе изгинат од меч и од глад, а нивните трупови ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови.“
5Да, Господ зборува вака: „Не смееш да влезеш во куќата на жалост, не оди да тажиш ниту да ги сожалуваш. Зашто Јас Му го скусив Својот мир на тој народ - зборува Господ - љубовта и сомилоста. 6Ќе изумре големото и малото во оваа земја и никој не ќе ги закопа. Никој не ќе тажи над нив, ниту ќе прави зарези заради нив, ниту ќе ја стрижи косата. 7За оној во жалоста не ќе раскшуваат леб, за да го утешат заради покојникот, ниту некој ќе му подаде чаша на утеха заради смртта на неговиот татко или на неговата мајка.
8Не влегувај во куќа каде што прославуваат за да седиш со нив и за да се гостиш.“ 9Зашто вака зборува Господ над Восјките, Израелевиот Бог: „Еве, ќе направам да ги снема од ова место и пред вашите очи и во овие денови воскликнувањата на радост и веселба, и гласовите на младоженецот и на невестата.
10А кога ќе му ги објавиш на народот сите овие зборови, па те прашаат: ‘Зошто Господ ни се закани со сета оваа голема несреќа; во што е нашето злосторство и во што се нашите гревови што ги направивме против Господа, нашиот Бог?’ 11Тогаш одговори им: ‘Во тоа што вашите татковци Ме оставија - говори Господ - и трчаа по туѓите богови за да им служат и за да им се клањаат, а Мене Ме оставија и не го запазија Мојот Закон. 12А вие направивте уште полошо од вашите татковци, зашто еве, секој се поведува по закоравеноста на своето лошо срце, а Мене не Ме слуша. 13Затоа ќе ве истерам од оваа земја во земја што ви е непозната, како што им беше и на вашите татковци. Таму ќе им служите на туѓи богови дење и ноќе; зашто веќе нема да ви се смилувам!’
б. Ветување за избавување и враќање на Израел
14Затоа, еве, доаѓаат дни - говори Господ - кога веќе не ќе се зборува ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’ 15но ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Северната Земја и од сите земји, во кои ги протера;’ зашто ќе ги вратам во нивната земја, што им ја дадов на нивните татковци.
в. Средство за враќање и казнување на Израел: риболовци и ловци
16Еве, ќе испратам многу рибари - говори Господ - кои ќе ги уловат. А потоа ќе доведам многу ловци, кои ќе ги гонат од сите гори, и од сите брежиња, и од сите пештерски цепнатини. 17Зашто Моите очи ги следат сите нивни патишта: нема да избегаат, ниту нивното беззаконие може да се скрие од Моите очи. 18Двојно ќе им ги наплатам нивното беззаконие и нивните гревови, зашто со труповите на своите грозотии ги осквернија Мојата земја и Моето наследство го исполнија со гнасости.“
г. Обраќање на народи кон Господа
19Господи, сило моја и тврдино моја, прибежиште мое во деновите на неволја! Кај Тебе ќе дојдат народите од краиштата на земјата. И ќе зборуваат: „Нашите татковци ни оставија само лага, ништожество и немоќ.“ 20Та создава ли човекот сам за себе богови, тоа никако не се богови.
21„Еве, ќе направам да почувствуваат, овој пат навистина да ја познаат Мојата рака и Мојата сила, и ќе знаат дека Името Ми е Господ.
Селектирано:
ЕРЕМИЈА 16: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.