Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија. Само еден е Законодавец и Судија, Кој може и да спаси и да погуби. А кој си ти, што го осудуваш ближниот? Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во овој или во оној град, и таму ќе останеме една година, и ќе тргуваме и ќе спечалиме“, вие, кои не знаете што ќе биде утре: зашто, што е вашиот живот? Вие сте пареа, која се јавува за миг, и потоа исчезнува. Место да зборувате: „Ако Господ сака, ќе живееме и ќе направиме ова или она“, вие сега се фалите во својата надуеност. Секоја таква фалба е зла. И така, кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е.
Прочитај ЈАКОВ 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈАКОВ 4:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа