Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 4:11-17

Јаков 4:11-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате! Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!? Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“ Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува. Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“ Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите. Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.

Јаков 4:11-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија. Само еден е Законодавец и Судија, Кој може и да спаси и да погуби. А кој си ти, што го осудуваш ближниот? Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во овој или во оној град, и таму ќе останеме една година, и ќе тргуваме и ќе спечалиме“, вие, кои не знаете што ќе биде утре: зашто, што е вашиот живот? Вие сте пареа, која се јавува за миг, и потоа исчезнува. Место да зборувате: „Ако Господ сака, ќе живееме и ќе направиме ова или она“, вие сега се фалите во својата надуеност. Секоја таква фалба е зла. И така, кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е.