Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 14

14
1Самарија ќе биде запустена зашто се побуни против Својот Бог. Тие ќе паднат од меч, нивните младенци ќе бидат погубени, ќе им ги распорат нивните трудни жени.
ПРОШКА И БЛАГОСЛОВ КАКО ОДГОВОР НА ПОКАЈАНИЕ
14:2-9
А. Повик кон покајание
2Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие. 3Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни. 4Асирецот нема да нѐ избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!“ - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.“
Б. Ветување на благослов
5Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање, ќе ги љубам од сето срце, зашто Мојот гнев се одврати од нив. 6Ќе му бидам како роса на Израел; тој ќе цвета како лилјан, ќе пушти корен како на Ливан, 7ќе ги шири гранките далеку, славата ќе му биде како на маслината, мирисот како Ливан. 8Пак ќе се врати во Мојата сенка, ќе ја одгледува својата пченица, ќе ги одгледува лозјата што ќе го добијат името на ливанското вино. 9Ефреме, што имаш ти уште со идолите? Јас го послушав и го погледав. Јас Сум како зелениот чемпрес: преку Мене си плодоносен со плодови.
В. Заклучок
10Кој е мудар нека го сфати ова, и разумниот човек нека сознае! Зашто Господовите патишта се прави: праведниците одат по нив, а грешниците паѓаат на нив.

Селектирано:

ОСИЈА 14: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност