Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 13

13
4. Претскажување на одмазда над Ефрем
1Кога зборуваше Ефрем, задаваше страв, зашто тој беше првенец во Израел, но згреши со Ваала и загина. 2И сега уште грешат тие правејќи си идоли од сребро, идоли според својата замисла: сите тие се дело на ракотворец! Ним - велат - жртвувајте им, луѓето нека ги целиваат телињата! 3Затоа тие ќе бидат како утрински облак, како роса што ја снемува бргу, како плева разнесена од гумното, како дим што излегува низ отворот. 4А Јас Сум Господ, твој Бог сѐ од Египетската Земја: не љуби друг Бог освен Мене! Нема Спасител освен Мене. 5Јас те љубев во пустината, во сувата земја. 6Јас ги пасев, и беа сити; наситените срца им се вообразија; и така Ме заборавија. 7Затоа ќе им бидам како лав, како леопард што дебне на патот; 8како мечка на која ѝ ги грабнаа мечињата, Јас ќе се фрлам на нив, ќе им ги раскинам градите до срцето; како лав ќе го изедам нивното месо, полските ѕверови ќе ги растргаат. 9Ќе те уништам, Израелу, и кој ќе ти помогне? 10Та каде ти е царот за да те спаси, каде се твоите кнезови за да те бранат - оние за кои зборуваше: „Дај ми цар и кнезови!“ 11Во Својот гнев ти дадов цар, и во расрденост ти го земам. 12Добро се чува Ефремовото беззаконие, неговиот грев добро е пазен во скривалиште. 13Врз него дојдоа родилни болки, ама тој е лудо чедо, не излегува на време од мајчината утроба! 14Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам. 15Така е плоден Ефрем меѓу браќата, но ќе дојде источен ветер, Господов ветер од пустината: ќе му ги исуши изворите, ќе му ги пресуши кладенците, ќе му ја ограби ризницата, ќе му го однесе благото.

Селектирано:

ОСИЈА 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се