Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ГАЛАТЈАНИТЕ 6

6
Заклучни совети и благослов
1Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправувајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан. 2Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов! 3Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува. 4А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг. 5Зашто секој ќе го носи своето бреме.
6А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи. 7Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: 8кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. 9Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. 10Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.
11Видете, колкави букви ви напишав со сопствена рака! 12Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст. 13Зашто ни самите тие, кои се обрезуваат, не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се фалат со вашето тело. 14А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот! 15Зашто ниту обрезанието е нешто ниту необрезанието, туку ново создание. 16И на сите, кои ќе го следат ова правило - мир и милост, на нив, и на Божјиот Израел.
17Во иднина никој да не ми досадува повеќе, зашто ги носам Исусовите рани во своето тело.
18Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух! Амин!

Селектирано:

ГАЛАТЈАНИТЕ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност