Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗРА 4:1-5

ЕЗРА 4:1-5 MKB

А кога Јудините и Венијаминовите непријатели чуја дека повратниците од пленство Му градат Светилиште на Господа, Израелевиот Бог, ги побараа Зоровавела, Исуса и семејните главатари и им рекоа: „Ние сакаме да градиме со вас, зашто, како и вие, Го бараме вашиот Бог и Нему Му принесуваме жртви од времето на Есар Адон, асириски цар, кој нѐ доведе тука.“ Зоровавел, Исус и главатарите на израелските семејства им одговорија: „Не е за вас да Му градите со нас Дом на нашиот Бог: Ние сами ќе Му градиме на Господа, Израелевиот Бог, како што ни нареди Кир, персискиот цар.“ Тогаш народот на онаа земја ги плашеше луѓето на Јудеја и им пречеше во градењето. Ги поткупија советниците да им пречат во замислата: така беше во времето на персискиот цар Кир сѐ до царувањето на персискиот цар Дариј.