Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 4:1-5

Ездра 4:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господ, Бог Израелов; и дојдоа кај Зоровавел и кај погла­варите на родовите и им рекоа: „Да градиме и ние со вас, зашто и ние како вас Му се поклонуваме на вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Есар-Хадон, аси­рскиот цар, кој нѐ пресели овде.“ Зоровавел, Јешуа и другите кнезови на родовите израелски им одговорија: „Не може да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господ, Бог Израелов, како што ни заповеда Кир, царот персиски.“ Тогаш народот на онаа земја, почна да му ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето; и поткупуваа советници против нив за да ја расипуваат намерата нивна во текот на сето време од владеењето на Кир, царот персиски, до царувањето на Дариј, цар персиски.

Ездра 4:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Јудините и Венијаминовите непријатели чуја дека повратниците од пленство Му градат Светилиште на Господа, Израелевиот Бог, ги побараа Зоровавела, Исуса и семејните главатари и им рекоа: „Ние сакаме да градиме со вас, зашто, како и вие, Го бараме вашиот Бог и Нему Му принесуваме жртви од времето на Есар Адон, асириски цар, кој нѐ доведе тука.“ Зоровавел, Исус и главатарите на израелските семејства им одговорија: „Не е за вас да Му градите со нас Дом на нашиот Бог: Ние сами ќе Му градиме на Господа, Израелевиот Бог, како што ни нареди Кир, персискиот цар.“ Тогаш народот на онаа земја ги плашеше луѓето на Јудеја и им пречеше во градењето. Ги поткупија советниците да им пречат во замислата: така беше во времето на персискиот цар Кир сѐ до царувањето на персискиот цар Дариј.