ЕЗЕКИЕЛ 26
26
Д. Иден суд над Тир
1. Претскажување гибел
1Во единаесеттата година, во првиот ден на месецот, ми дојде Господово слово: 2“Човечки сине, зашто Тир воскликнуваше над Ерусалим: ‘Ха, ха! се скршија тие врати на народите, и се свртија кон Мене; ќе се збогатам: тој е запустен’ - 3затоа Господ Бог зборува вака: ‘Еве Ме Тире, против тебе, ќе подигнам против тебе силни народи, како што морето ги подига брановите! 4Ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите негови стражарници. А Јас ќе му ја изметам и правта, ќе направам од него гладок камен! 5Ќе биде сушилница за мрежи. Зашто Јас реков - зборува Господ Бог. И ќе им стане плен на народите. 6А сите негови ќерки ќе паднат од меч во полето! Ќе знаат дека Јас Сум Господ!’
2. Навуходоносор - оружје на казна (одмазда)
7Зашто Господ Бог зборува вака: ‘Ете, ќе го доведам против Тир од север Навуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со бојни коли, со коњаници, со чети и со мноштво народ. 8Твоите ќерки ќе ги исечат со меч во полето! Ќе подигнат опсадни стражарници против тебе, ќе насипат насипи против тебе, и ќе подигнат штитови против тебе. 9Против твоите ѕидови ќе ги насочат ѕидокршачите, и твоите стражарници ќе ги оборат со куки! 10Од неговите безбројни коњи сиот ќе те покрие прав, а од шумот на коњаниците и тркалата и на нивните бојни коли ќе се затресат твоите ѕидови, кога ќе поминуваат низ твојата врата, како што поминува низ освоен град. 11Со копитата на своите коњи ќе ти ги изгазат сите улици; ќе го истепаат твојот народ со меч, и ќе ги срушат твоите столбови. 12Ќе го ограбат твоето богатство, ќе го разграбат твоето благо! Ќе ги разурнат твоите ѕидови, и ќе ги срушат твоите прекрасни куќи! Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето! 13А Јас ќе го прекратам шумот на твоите песни, и веќе нема да се чуе звукот на твоите харфи! 14Ќе те претворам во гладок камен, ќе станеш сушилница за мрежи. Веќе никогаш нема да се подигнеш, зашто Јас, Господ, реков!’ - говори Господ Бог.
3. Плач на кнезови
15Вака му зборува Господ Бог на Тир: ‘А нема ли од трескањето на твоето паѓање и од офкањето на твоите ранети, кога ќе настане немил колеж во тебе - да се стресат сите острови? 16И нема ли тогаш сите кнезови на морето да слезат од своите престоли, да ги отфрлат своите наметки, и да ги симнат везените облеки, за да се облечат во страв, за да седнат на земја, треперејќи непрекратно ужаснати од твојата несреќа? 17А потоа ќе затажат над тебе и ќе ти речат: „Како пропадна, како те снема од море, прославен граду, што беше толку силен на морето, ти и твоите жители, што ѝ задаваа страв на целата земја? 18Сега на денот на твојата пропаст островите ќе се стресат, островите на морето ќе се исплашат заради твојата пропаст!“‘
4. Тир во пуста земја
19Зашто Господ зборува вака: ‘Кога ќе те претворам во пуст град, какви што се градовите во кои што веќе никој не престојува, и кога ќе доведам против тебе бездни, за да те покријат големи води, 20ќе те спуштам со оние кои што слегоа во јама кон предамнешен народ, и ќе те сместам во најдолните краеви на земјата, во вечни пустини, со оние што слегоа во јамата, за да не се вратиш веќе во земјата на живите. 21Ќе те претворам во ужас, и веќе не ќе те биде, ќе те бараат, но веќе никогаш не ќе те најдат!’ - говори Господ Бог.
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 26: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: