Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 27

27
5. Плач за Тир
а. Красота и богатство на Тир
1И ми дојде Господово слово: 2“А ти, човечки сине, почни со тажачка за Тир 3и речи му на Тир што лежи при влезот во морето и тргува со народите на безбројните острови: Господ Бог зборува вака: ‘Тиру што зборуваше: „Јас сум прекрасен, со вонредна убавина.“ 4Твоите меѓи достигаат длабоко во морето, твоите градители те направија убав беспримерно. 5Од сенирските чемпреси ти изградија даски, зедоа ливански кедар, ти подигнаа јарболи; 6од васанските дабови ти изделкаа весла, од слоновата коска и од буковото дрво од Китимските Острови, ти ги направија седиштата! 7Од везениот египетски лен ти беа едрата, за да ти бидат знаме! А синото и пурпурното од Елиските Острови ти ги ставија за покриви. 8Жителите на Сидон и Арвад ти беа веслачи, а твоите мудреци, Тиру, ти беа кормилари! 9Гевалските старешини и вештаци ги поправуваа твоите расипани нешта. Сите морски бродови и морнари беа твои и тргуваа со тебе!
б. Војска на Тир
10Персијанците, Лудејците и Путејците беа војници во твојата војска, во тебе ги обесуваа штитовите и кацигите; тие ти даваа блесок. 11Арвадските синови со војниците на ѕидовите твои наоколу, ти ги чуваа стражарниците. На ѕидовите наоколу ги бесеа штитовите за да ја возвеличат твојата единствена убавина!
в. Трговија на Тир
12Заради твоето големо богатство дури и Тарсис тргуваше со тебе плаќајќи го со сребро и железо, со олово и со калај твоето производство. 13Јаван и Тувал и Месех тргуваа со тебе: даваа човечки души и бронзени садови за твоите стоки. 14Оние од Вет-Тогарма даваа коњи, тркачки коњи и мазги. 15И Дедановите синови тргуваа со тебе. Многу острови ти беа подложени: ти плаќаа данок во слонова коска и во абаносово дрво. 16Заради изобилството на твојата стока Едом тргуваше со тебе, ти даваа за стоките антракси отворено - порфир и везено, корали и рубини; 17и Јудеја и Израелевата Земја тргуваа со тебе со минитско жито, со восок со мед, со масло и со мирислива смола, за лек ги плаќаа твоите стоки! 18Заради изобилството на твојата трговија, заради твоето големо благо, и Дамаск тргуваше со тебе со хелвонско вино и со бела волна. 19И Дан и Јаван од Узел за твојата трговија менуваа прекалено железо, цимет и слатка трска. 20Дедан тргуваше со тебе со покривки за коли. 21Арабјаните и кидарските кнезови вршеа размена со тебе и за тргувањето ти плаќаа со јагниња, јарци и со овни. 22Трговците од Сава и од Рама тргуваа со тебе, за тргувањето ти даваа најдобрите бесценети камења и злато. 23Харан, Кана и Еден, трговците на Сава, Асирија и Хилмад тргуваа со тебе. Менуваа за твоите стоки 24скапоцени облеки, отворено црвени и везени наметки, шарени ткаенини и цврсто плетени јажиња.
г. Разурнување на Тир
25Натоварените тарсиски бродови ја превезуваа твојата роба! Беше полн и многу славен во срцето на морето. 26На отворено море, на многу мориња те изведоа веслачите. Источниот ветер те разби на морската широчина! 27Твоето благо и твоето тргување, твоите ракотворби, твоите бродари и твоите кормилари, поправувачи на пукнатините, менувачите на твоето тргување, сите војници на тебе и сето мноштво сред тебе, ќе потонат на морското дно на денот на твојот бродолом! 28На повикот за помош на твоите кормилари ќе се стресат бреговите. 29И ќе слезат од своите бродови сите веслачи, сите бродари и сите кормилари и ќе останат на копно. 30По тебе ќе тажат гласно и ќе стенкаат горчливо. Ќе ги посипуваат со пепел главите и ќе се прпелкаат во прав; 31И заради тебе ќе ги избричат главите, ќе се препашат со вреќиште, со јадосана душа ќе тажат по тебе и ќе заплачат горчливо. 32Во тага ќе ти ја запеат тажачката, над тебе ќе тажат: „Кој град беше горделив како Тир сред морето?“ 33Зашто кога тој би го растоварил благото многу народи би ги наситил со тоа! Со изобилството на богатствата и со трговијата би усреќил многу земни цареви. 34А ете, сега, морските бранови те здробија, потона во морските длабочини! Твоето богатство и сета посада потонаа со тебе. 35Сите островски жители заради тебе се исплашија. Нивните цареви се наежија, главите ги наведнаа морално скршени. 36Трговците на народите свиреа со уста по тебе, зашто ти стана страшило и те снема засекогаш!’“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 27: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се