Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 25

25
ПРОРОШТВА ЗА СОСЕДНИ НАРОДИ
25:1-32:32
А. Суд над Амонови синови
1И ми дојде Господово слово: 2“Човечки сине, сврти го своето лице кон Амоновите синови та пророкувај против нив! 3Речи им на Амоновите синови: ‘Послушајте го словото на Господ Бог! Господ Бог зборува вака: „Затоа што вие воскликнувавте: ‘ха, ха’ над Моето Светилиште, кога тоа беше обесветено, и над Израелевата Земја, кога таа беше запустена, и над Јудиниот дом, кога заминуваше во ропство, 4еве, ќе ве предадам, во сопственост на синовите на Исток, за да ги оптегнат среде вас нивните шатори; за да ги постават своите живеалишта. Тие нека ги јадат твоите плодови и нека го пијат твоето млеко; 5ќе направам од Рава пасишта за камили а од Амоновите синови - овчари. И ќе знаете дека Јас Сум Господ.“
6Зашто Господ Бог зборува вака: „Бидејќи си плеснал со раце и си удрил со нога, така што си се зарадувал со презир во своето срце за Израелевата Земја; 7еве, затоа, Јас ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те предадам на разграбување од народите, и ќе те отсечам од племињата, ќе те истребам од земјите; ќе те уништам, и ќе познаеш дека Јас Сум Господ.“
Б. Суд над Моав
8Господ Бог зборува вака: „Затоа што Моав и Сир зборуваа: ‘Ете, Јудиниот дом е како на сите народи,’ 9еве, ќе ги откријам моавските стрмнини, за да останат од крајот до крајот без градови, што ѝ беа украс на земјата: Вет-Есимот, Вал-Меон и Киријатаим. 10Ќе им ги дадам во сопственост на синовите на Исток, на непријателите на Амонците, за да не се спомнуваат веќе Амоновите синови меѓу народите! 11Така ќе го извршам судот над Моав. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!“
В. Суд над Едом
12Господ Бог зборува вака: „Затоа што Едом му се одмазди на Јудиниот дом, и тешко згреши со таа одмазда, 13Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја кренам раката против Едом, ќе ги истребам меѓу него и луѓето и животните! Ќе го претворам во пустина: од Теман до Тедан сите ќе изгинат од меч. 14Така ќе му се одмаздам на Едом со раката на својот Израелев народ. Тие ќе постапат со Едом според Мојот гнев и Мојата расрденост. И ќе ја сознаат Мојата одмазда!’ говори Господ Бог.“
Г. Суд над Филистејци
15Господ Бог зборува вака: „Затоа што Филистејците извршија одмазда, одмаздувајќи се крваво со омраза во срцето, разурнувајќи сѐ заради своето непријателство, 16Господ Бог зборува вака: ‘Еве, ја кревам раката против Филистејците, ќе ги истребам Херетејците, ќе уништам сѐ што ќе остане на морскиот брег! 17Така ќе им се одмаздам страшно со жестоки казни. И кога ќе им се одмаздам, ќе знаат дека Сум Јас Господ.“‘“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се