ЕЗЕКИЕЛ 24
24
Љ. Приказна за котел што кипе
1. Навестување на опсада на Ерусалим
1Во деветтата година, во десетиот месец, во десетиот ден, ми дојде Господово слово: 2“Човечки сине, запиши го овој ден: токму денес вавилонскиот цар го опсадува Ерусалим. 3Раскажи му приказна на одметничкиот дом. Речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Стави котел, стави, и налеј вода во него! 4Фрли делови во него; сѐ најдобри делови месо, бедро и плеќи! Наполни го со најдобри коски! 5Земи го најдоброто од стадото. Запали оган под котелот, нека зоврие добро, нека се сварат во него и коските.“
6Зашто Господ Бог зборува вака: „Тешко му на крвничкиот град, за’рѓан котел, од кого не се симнува рѓата! А потоа вади од него дел по дел, но не фрлај жрепка за него! 7Зашто неговата крв е во него - остави ја на гол камен, не разлевај ја по земјата каде што правот би можел да ја покрие! 8За да се распали Мојот гнев, за да му се одмаздам, ја оставив неговата крв на гол камен за да не се покрие.“
9Затоа Господ Бог зборува вака: „Горко му на крвничкиот град, зашто ќе запалам голема клада! 10Собери дрва, потпали оган, свари месо, замешај зачини, нека изгорат и коските! 11А потоа стави го празен врз жарта за да се нажеже котелот и за да се растопи сета негова нечистота, за да се уништи ‘рѓата врз него! 12Трудот ќе биде тежок! Но големата ‘рѓа не може да се симне од него: му одолеа и на огнот. 13Срамен е твојот грев, ама ни ти не сакаше да се очистиш од гревот; и затоа веќе не ќе се очистиш додека не го излеам врз тебе Својот гнев! 14Јас, Господ реков! И ќе го исполнам зборот; нема да сменам: И нема да се поштедам, ниту ќе се помилувам! Ќе те судам според твоите патишта и дела - говори Господ Бог.’“
2. Смрт на пророкова жена
15И ми дојде Господово слово: 16“Човечки сине, еве, ќе ти ја одземам со ненадејна смрт желбата на твоите очи! Не тагувај, не плачи и не рони солзи! 17Липај тивко, но не жали како што се жали за мртвите! И завиткај повез околу главата, а обуј обувки на нозете. Не покривај ја брадата и не јади погачи за жалост.“ 18Така му пророкував на народот, а навечер ми умре жената, та утреден направив како што ми беше заповедано.
19На тоа народот ме праша: „Не ќе ни кажеш ли што значи за нас тоа што го правиш?“ 20Јас им одговорив: „Ми дојде Господово слово: 21’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила радоста на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч. 22Тогаш ќе направите како што направив и Јас: не ќе ги покривате брадите и не ќе јадете погачи за жалост! 23Ќе завиткате повез околу главата и ќе обуете обувки на нозете! И не ќе тажете веќе и не ќе плачете, туку ќе пропаѓате заради своите гревови и ќе липате еден пред друг! 24А Езекиел ќе ви биде знак, ќе направите сѐ што направи тој. Кога ќе се збидне тоа, ќе сознаете дека Јас Сум Господ!’“
3. Навестување за пристигање на бегалец
25А ти, човечки сине, навистина во денот кога ќе им ја одземам силата на нивната славна радост, татковската им радост, сласта на нивната душа, нивните синови и ќерки - 26во тој ден кај тебе ќе стигне бегалец за да ти соопшти тоа! 27Во тој ден ќе се отвори твојата уста, и ти ќе му проговориш на тој бегалец; не ќе бидеш веќе нем. И така ќе им бидеш знак. И тие ќе сознаат дека Јас Сум Господ!’“
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 24: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: