ЕСТИРА 9:20-26
ЕСТИРА 9:20-26 MKB
Мардохеј ги опиша тие настани и им испрати писма на Евреите во сите блиски и далечни покраини на царот Ахасвер. Им наложи да ги прославуваат во секоја година четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на месецот адар. како ден во кој Евреите постигнаа спокој од своите непријатели и како месец кој ја претвори нивната тага во радост, а нивното жалење во празник. Нека ги прославуваат со гозба и со веселба, разменувајќи дарови меѓу себе и делејќи им поклони на бедните. Евреите прифатија да го пазат она што веќе сами од себе почнаа да го прославуваат и за што им пишуваше Мардохеј: „Аман, синот Амедатин, Агагеец, гонител на Евреите, кога науми да ги уништи сите, фрли „Пур“, односно жрепка, за нивното погубување и истребување; но кога царот научи за неговата замисла, тој нареди писмено: „Нека се обори врз неговата глава опаката замисла што ја беше засновал против Евреите, и нека биде обесен, тој и неговите синови. Затоа тие денови се наречени Пурим, според зборот Пур. Затоа според сета содржина на тоа писмо, и според она што видоа и што им беше пренесено

