Естира 9:20-26 - Compare All Versions
Естира 9:20-26 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Мардохеј ги опиша тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Ксеркс, до блиските и далечните, за да го востановат и секоја година да го празнуваат четиринаесеттиот ден од месецот адар и неговиот петнаесетти ден, како дни, во кои Јудејците се смирија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жалоста во радост и тагата – во празник, – за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испраќаат подароци и дарови на сиромасите. Јудејците го примија тоа, кое веќе сами беа почнале да го прават и за кое им напиша Мардохеј, дека Вугеецот Аман, Амадатов син, непријател на сите Јудејци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше ждрепка, за да ги истреби и погуби, и како Естира отиде кај царот и како царот заповеда со ново писмо злосторничкиот план на Аман што беше намислил за Јудејците да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови. Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур – ждрепка. Ете зашто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она што сами го видоа и пропатија
Естира 9:20-26 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Мардохеј ги опиша тие настани и им испрати писма на Евреите во сите блиски и далечни покраини на царот Ахасвер. Им наложи да ги прославуваат во секоја година четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на месецот адар. како ден во кој Евреите постигнаа спокој од своите непријатели и како месец кој ја претвори нивната тага во радост, а нивното жалење во празник. Нека ги прославуваат со гозба и со веселба, разменувајќи дарови меѓу себе и делејќи им поклони на бедните. Евреите прифатија да го пазат она што веќе сами од себе почнаа да го прославуваат и за што им пишуваше Мардохеј: „Аман, синот Амедатин, Агагеец, гонител на Евреите, кога науми да ги уништи сите, фрли „Пур“, односно жрепка, за нивното погубување и истребување; но кога царот научи за неговата замисла, тој нареди писмено: „Нека се обори врз неговата глава опаката замисла што ја беше засновал против Евреите, и нека биде обесен, тој и неговите синови. Затоа тие денови се наречени Пурим, според зборот Пур. Затоа според сета содржина на тоа писмо, и според она што видоа и што им беше пренесено