Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕФЕСЈАНИТЕ 3:7-13

ЕФЕСЈАНИТЕ 3:7-13 MKB

на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена според дејството на Неговата сила. На мене - најмалиот од сите свети - ми е дадена оваа благодат: да им го навестувам на народите Евангелието на неистражливото Христово богатство и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, која од вечноста беше скриена во Бога - Создателот на сѐ; та многуразличната Божја мудрост да им се соопшти сега преку Црквата на началствата и на властите во небесните места, според вечната намера, која ја оствари во Христа Исуса, нашиот Господ, во Кого имаме смелост и пристап кон Бога, полни со доверба - преку верата во Него. Затоа ве молам да не се обесхрабрувате заради моите неволји, што ме снајдоа заради вас; тие се ваша слава.