Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕФЕСЈАНИТЕ 3

3
Павле ѝ служи на Божјата тајна
1Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христа Исуса за вас народите, 2само ако сте чуле за управителството на Божјата благодат, која ми е дадена за вас; 3дека по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав накратко. 4Читајќи оттаму можете да го разберете моето сфаќање на тајната на Христа, 5која што во другите поколенија не им беше кажана на човечките синови, како што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци: 6дека народите се сонаследници и припадници на истото тело, и заедничари на Неговото ветување во Христа Исуса, преку Евангелието, 7на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена според дејството на Неговата сила. 8На мене - најмалиот од сите свети - ми е дадена оваа благодат: да им го навестувам на народите Евангелието на неистражливото Христово богатство 9и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, која од вечноста беше скриена во Бога - Создателот на сѐ; 10та многуразличната Божја мудрост да им се соопшти сега преку Црквата на началствата и на властите во небесните места, 11според вечната намера, која ја оствари во Христа Исуса, нашиот Господ, 12во Кого имаме смелост и пристап кон Бога, полни со доверба - преку верата во Него. 13Затоа ве молам да не се обесхрабрувате заради моите неволји, што ме снајдоа заради вас; тие се ваша слава.
14Заради тоа ги преклонувам своите колена пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос, 15од Кого секој род на небесата и на земјата добива име; 16да ви даде, според богатството на Својата слава - да зајакнете со сила преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, 17та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта: 18за да можете да сфатите со сите свети, што е ширина и должина, и височина и длабочина, 19и да ја познаете Христовата љубов, која го надминува знаењето; за да се исполните во целата Божја полнота.
20А на Оној, Кој со Својата сила, што дејствува во нас, може да направи прекумерно над сѐ што ние молиме или мислиме - 21Нему нека е слава во Црквата и во Христа Исуса на сите поколенија од века до века! Амин!

Селектирано:

ЕФЕСЈАНИТЕ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност