ЕФЕСЈАНИТЕ 2:17-22
ЕФЕСЈАНИТЕ 2:17-22 MKB
Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу: зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух. Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога, надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус, врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.


