Ефесјаните 2:17-22 - Compare All Versions
Ефесјаните 2:17-22 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Христос дојде и проповедаше помирување со Бог, и за вас неевреите што бевте далеку, и за нас Евреите што Му бевме близу. Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до Таткото. Затоа сега вие не сте веќе туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство. И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен. Тој целата градба ја држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ. Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог.
Ефесјаните 2:17-22 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски, зашто преку него и едните и другите имаме пристап кај Отецот во еден Дух. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство, зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос, врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ; врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиште Божјо преку Духот.
Ефесјаните 2:17-22 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу: зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух. Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога, надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус, врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.