Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето. Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост, отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето. Подобар е јадот отколку смеата, зашто срцето е радосно зад жалосно лице. Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба. Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните. Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета. Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето. Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста. Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот. Не прашувај зошто некогашните времиња биле подобри од овие, зашто тоа не е мудро прашање. Мудроста е како скапоцено наследство и полезна е за оние врз кои свети сонцето. Бидејќи како што се сребрениците заштита, така е и мудроста; но предноста на знаењето е дека мудроста дава живот на оној што ја има. Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил? Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина.
Прочитај ПРОПОВЕДНИК 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПРОПОВЕДНИК 7:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа